Мицкоски: Наскоро ќе почнат анкетите за избор на можни кандидати за градоначалници 

12

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, посочи денеска од Кочани премиерот Христијан Мицкоски.

 

– Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното доделување клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.

Како претседател на партијата и на Извршниот комитет, додаде тој, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети.

Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.

 

ИЗДВОЕНИ