Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, во Вашингтон. Тој ќе биде придружуван од вицепремиерот Изет Меџити, министерот Тимчо Муцунски и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков. Освен на инаугурацијата, Мицкоски бил поканет и на придружните настани.

  • Меѓудругото, делегацијата предводена од македонскиот премиер Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“, велат од владата.

Од Владата не споделија детали кој ја испратил официјалната покана што ја добиле за присуство на инаугурацијата на Трамп.

ИЗДВОЕНИ