Мицкоски ќе предложи супермаркетите на своите веб страни да ги објавуваат цените на сите производи

232

Премиерот Христијан Мицкоски рече дена на владина седница ќе предложи сите ланци на супермаркети да имаат јавна веб страна на интернет на која ќе ги објавуваат цените на сите производи. На тој начин како што рече потрошувачите ќе можат да ги следат цените на сите производи и да одлучат каде ќе купат одреден производ.

Тој на прес-конференцијата не откри какви мерки ќе се преземат, но рече дека ќе се разгледаат сите предлози, меѓу кој ќе биде и неговиот за објавување на цените на сите производи на интернет страните на маркетите.

На прашањето зошто му пречи минималната потрошувачка кошница која ја подготвуваат Сојузот на синдикати на Македонија, премиерот со одговор дека не ги отсликува реалните потреби на граѓаните.

-Потрошувачката кошница за прв пат е креирана во 2010 година кога ние бевнме на власт. Но, потоа во 2023 година беше променета методологијата на пресметка на минималната потрошувачка кошница која ние ја немавме на увид. Ние пред да донесеме ваква одлука разговаравме со синдикатите. Кога ќе видите што опфаќа кошницата ќе видите дека некои производи граѓаните не ги користат. Целта ни е да создадеме реална потрошувачка кошница  која може да биде и повисока, но ќе ги содржи само производите кои граѓаните навистина ги користат, изјави Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ