Годинава се очекува бум од странски инвестиции во државата. Како што најави премиерот Христијан Мицкоски се водат преговори со уште 15 странски инвеститори, а од мај се очекува интензивирање на инвестициската активност во државата.
-Во фаза на преговори сме со уште 15 инвеститори. Со дел од нив сме завршени, со дел сме во преговори, а со дел сме во потесна конкуренција со уште неколку земји. Очекувам дека со огромен процент на реализација овие инвестиции ќе бидат успешни, изјави Мицкоски.
Тој очекува овој месец да се стави камане темелник на една од инвестициите со која ќе се отворат 200 нови работни места и ќе се инвестираат 25 милиони евра.
-Во месец април очекувам да биде пуштена уште една инвестиција, а помеѓу март и јуни да се донесе одлука или да се стави камен темелник за уште 5 нови инвестиции. Очекувам овој тренд на инвестициите кој заклучно со номеври беше една милјарда и 40 милиони евра да биде поголем до крај на годината. Народна банка ќе ги објави тие податоци до крајот на овој месец, додаде Мицкоски.
Со интензивирање на инвестициите од мај ќе бидеме држава со најголем број на странски инвестиции во регионот по глава на жител.