Мицкоски: Капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколози е зголемен на 100 денари, за стоматолози на 75 денари

68

Донесена е историска одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните лекари по општа медицина, гинеколози и стоматолози, објави на денешната конференција премиерот Христијан Мицкоски. Честитајќи го 7 Април – Денот на здравјето на медицинските работници, тој рече дека одлуката е донесена со цел да се подобри стандардот на матичните лекари и за зајакнување на примарната здравствена заштита.

-Согласно на одлуката на капитацискиот бод за лекарите од општата медицина и на гинеколозите од април годинава ќе се зголеми од 75 на 100 денари, а на стоматолозите од 61 на 75 денари. Тоа е зголемување од 33, односно, од 23 проценти – рече премиерот.

Тој додаде дека зголемувањето се случува по повеќегодишната стагнација во периодот од 2019 до 2022 година кога бодот изнесуваше 68 односно 48 денари.

-Од 2015 година па до сега капитациоскио бод за општа медицина се зголеми од 50 на 100 денари, иста како и за гинеколозите, додека за стоматолозите се зголеми од 35 на 75 денари – рече Мицкоски.

Тој укажа дека минатата година бројот на ординациите по матична медицина во земјава се намалил за 34 во однос на 2023 година. За ова зголемување на бодот државата ќе издвои 9 милиони евра. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ