Премиерот Христијан Мицкоски рече дека има разбирање за најавениот бојкот на маркетите од страна на граѓаните, в петок, на 31 јануари.
-Некои поединци во овој бизнис на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Надлежните институции ја следат состојбата и навреме реагираат, изјави премиерот Мицкоски во однос на цените во маркетите.
На прашањето дека има поплаки од производителите дека се уценувани од некои маркети, кои се обидувале да го изиграат Законот за нефер трговски практики, и им се давале договори со 10 насто маржа, а потоа им се давале други договори, премиерот изјави дека ако тоа се случува тоа е кривично дело.
Од овој момент кога ќе ја напуштам оваа прес-конференција ќе се обратам до инспекциските служби најави Мицкоски.