Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани, напиша во Фејсбук статус претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
-Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!
Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме.
Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните.
Вечна ти слава, Иле.
ФОТО: ФБ