Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека Грција се соочува со сериозни демографски проблеми.
Како што истакна, напуштените градови и села низ државата укажуваат на поширок проблем со намалување на населението.
Мицотакис предупреди дека ова прашање е клучен предизвик за земјата, објави Катимерини.
„Грчката влада презема мерки за да ги запре овие негативни демографски трендови, а во исто време се обидува да ја врати економијата по финансиската криза“, рече грчкиот премиер, пренесе Танјуг.