Мицотакис го информирал Европскиот Совет дека Мицкоски и Сиљановска-Давкова го прекршуваат Договорот од Преспа

58

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис на вчерашниот Европски совет, ги информирал колгите за кршењето на Преспанскиот договор од страна на премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

На прес-конференцијата во Брисел по Самитот на Унијата, Мицотакис зборуваше и за односите Грција – Северна Македонија.

„Презедов иницијатива и ги информирав моите колеги во Европскиот совет за Северна Македонија, и фактот дека премиерот и претседателката директно го прекршуваат Договорот од Преспа. Тие го игнорираат во пракса ерга омнес, и избираат да користат друго име, а не уставното, дефинирано име“, рече Мицотакис.

„Јасно е дека ако Скопје инсистира на оваа линија, тоа ќе го направи тежок, а може и да го поништи секој процес на брза интеграција во европското семејство. Така што мислам дека на сите треба да им бидат јасни последиците“, рече Мицотакис.