Мицковски: Владината коалиција функционира беспрекорно

12

„Владината коалиција функционира беспрекорно“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, како одговор на новинарско прашање за последните несогласувања меѓу коалициските партнери Вреди и ЗНАМ.

-Логично е да има различни ставови по некои прашања, но важно е секогаш да се наоѓа решение, изјави Мицкоски. Според него важно е да се напомни дека оваа Влада има поддршка од повеќе од две третини од пратениците во Собранието и тоа, според него, е важно затоа што граѓаните очекуваат резултати.

– Инаку, опозицијата ќе се обидува да создава таков тип на пораки во јавноста, но состојбата е многу конструктивна и без исклучок сите кои се дел од владината коалиција на дневна основа се трудат да направат нешто добро за државата и граѓаните, што е многу важно, изјави Мицкоски.