МИЦКОСКИ: Охрабрува економски раст од 3,8% по неколкумесечниот пад

26

За премиерот Христијан Мицкоски охрабруваат охрабруваат првите индикатори во економијата за јули и август, што според него, тоа значи поголемото индустриско производство, со големо учество на преработувачката индустрија.

– Охрабрува 3,8- 4 проценти после неколкумесечниот пад, којшто беше посебно жесток во месеците април,мај, јуни. Сега конечно имаме позитива и очекувам во месец август и во следните месеци до крајот на годината да имаме позитивни резултати за индустриското производство – вели Мицкоски.

Претседателот на Владата додаде дека и во вториот квартал, БДП е 2,3 проценти и е над очекувањата што беа поставени од многу меѓународни финансиски институции.

– Доколку се анализираат сите овие податоци има раздвижување во економијата – изјави Мицкоски.

Дополнително раздвижување на економската активност тој очекува со трите нови ин вестиции што се очекуваат до крајот на годинава кои позитивно ќе влијаат на растот на БДП.  Како што рече, многу скоро ќе има нов камен темелник на една белгиско-германска компанија и посочи дека очекува и проширување на капацитетите на компаниите кои се веќе присутни и работат во земјава.

– Како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да помогнеме, затоа што нема поголемо задоволство ниту за мене, ниту за членовите на Владата кога ќе отворите ново работно место, кога ќе помогнете уште некој македонски граѓанин да остане тука, наместо да се сели надвор – изјави Мицкоски.

Фото: Петр Стојановски