Мицкоски: Мора да веруваме и ќе успееме

34

Премиерот потврди дека останува оптимист за деблокирање на процесот на евроинтеграција на Македонија по средбите со европските лидери, меѓу кои и неодамнешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Будимпешта. Премиерот ја нагласи важноста на оваа средба, во која биле дискутирани и теми поврзани со економската соработка меѓу двете земји. „ Ако можам да заклучам сè од овие разговори во последните неколку месеци, мојата порака до граѓаните е дека мора да веруваме и ќе успееме,“ истакна Мицкоски.

Изјавата на новоименуваната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која нагласи дека земјата мора да ги спроведе уставните измени како предуслов за продолжување на преговорите, за премиерот Христијан Мицкоски не е обесхабрувачка порака. Тој вели дека коментарот на Кос треба да се гледа низ призма на нејзините обврски кон европските претставници, вклучувајќи ги и оние од Бугарија. Мицкоски останува оптимист дека ќе се  деблокира процесот на евроинтеграција на Македонија по средбите со европските лидери, меѓу кои и неодамнешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Будимпешта. Премиерот ја нагласи важноста на оваа средба, во која биле дискутирани и теми поврзани со економската соработка меѓу двете земји.

“Кога би заокружил се за помалку од пет месеци, можам да им порачам на граѓаните дека мора да не биде и ќе не биде. Да бидеме оптимисти. Успеавме да се сретнеме со сите релевантни светски лидери за толку кратко време, нешто што порано не беше возможно ниту во еден мандат. Видов одредени натписи на одредени портали кои ја поддржуваат работата на опозицијата, како моите средби ги споредуваат со средбите на некои други лидери во околината, но кога би ја објавувал секоја слика со секого со кого ќе се поздравам, би изгледало тривијално. Мислам дека е покорисно да се објавуваат вистински, суштински средби во кои има суштински дијалог. Таква беше средбата со францускиот претседател. Покрај прашањата поврзани со ЕУ интеграцијата на нашата земја, зборувавме и за соработката во економијата, имаме многу проекти во инфраструктурата, здравството кои ни се важни и кои како влада со влада може да ги реализираме, комуникацијата продолжува, дента имавме можности често да бидеме заедно и да разговараме за многу отворени теми – истакна Мицкоски викендов по увидот во градежните работи на три делници кај Велес.

Тој вели дека заклучокот од овие разговорите во последните неколку месеци и неговата  порака до граѓаните е дека „мора да веруваме и ќе успееме“.

Според него, треба да се изнајде начин за уставните измени да стапат на сила со одложено дејство и тоа само по ратификацијата на протоколот за членство на Македонија од страна на Бугарија. Овој пристап има за цел да осигури дека нема да има нови условувања од бугарска страна во текот на преговорите со ЕУ. Ова барање е насочено кон создавање правна сигурност и гаранции за непречен тек на евроинтегративниот процес. Ваквата стратегија се гледа како обид за воспоставување стабилен и предвидлив процес што би ги заштитил македонските национални интереси.

Откако Макрон во Будимпешта им се обрати на лидерите на ЕУ дека крајно време било ЕУ да стане сештојад не само вегетаријанец бидејќи е опкружена со месојади, го отвара и прашањето и какви ќе бидат позициите на Франција кон Македонија. Имано, во фокусот на петтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се одржа во Будимпешта освен за европската безбедност и војната во Украина и на Блискиот Исток и резултатите од американските претседателски избори, дел од медиумите пренесоа, дека од некои европски лидери било отворено меѓу другото и прашањето за начинот на гласање во врска со проширувањето на Унијата.

Станува збор за Предлог за напуштање на консензуалното одлучување и носење одлуки со минус еден или, пак, со квалификувано мнозинство, што според дел од медиумите, наидувал сѐ повеќе на одобрување и земал замав кај земјите членки на Унијата, поради впечатокот дека „остварувањето одредени потесни интереси ја држат во заложништво целата европска политика“.

Патот кон членство во ЕУ: До каде се земјите кандидати?

На 30. октомври, Европската комисија ги усвои извештаите за проширување за 2024 година со детална процена за напредокот од страна на земјите се стремат да се приклучат на Европската Унија. Извештаите го опфаќаат напредокот на Грузија, Молдавија, Украина, Турција и земјите на Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија) на патот кон ЕУ.

Оценките се придружени со препораки и упатства за реформите кои секој кандидат треба да ги даде приоритет за да напредува во пристапните преговори. На крајот на октомври, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината четиридневна посета на земјите од Западен Балкан ги посети шесте земји кои сакаат да се приклучат на ЕУ – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

Фон дер Лајен вети дека ЕУ проширувањето ќе биде високо на агендата во Брисел и нејзин главен приоритет во мандатот. Дискусиите околу проширувањето на ЕУ во регионот со околу 16,6 милиони жители траат речиси 20 години, додека во тој период Брисел играше топло-ладно.

Иако во моментов не е можно да се процени дали за новиот претседател на Европскиот совет Антонио Коста ќе биде приоритет проширувањето со Западниот Балкан, иако неговата последна посета како премиер на Португалија беше на регионот. Коста исто рече дека ЕУ треба да „почне да се подготвува“ за процесот на проширување, така што ќе обезбеди „услови да ги прими оние кои ги кани“.

Портфолиото за проширување на следната Европска комисија (2024-2029) и припадна на словенечката кандидатка Марта Кос. Според нејзините одговори на прашањата од европратениците пред сослушувањето оваа недела, таа рече дека надминувањето на блокадите во проширувањето ќе биде една од нејзините главните задачи за време на петгодишниот мандат, доколку биде избрана. Кос, исто така, истакна дека билатерални прашања кои предизвикуваат застој треба веднаш да се решат. Меѓу нејзините краткорочни цели ќе биде напредокот на кандидатите на патот кон ЕУ, што поконкретно значи дека ЕУ ќе ги затвори преговорите за пристапување со Црна Гора, ќе ги отвори останатите поглавја со Албанија и ќе го отвори првиот пакет поглавја со Македонија, Украина и Молдавија.

Фокусот на средбите кои премиерот Мицкоски ги имал со Макрон не биле само евроинтеграциите условени со уставните измени туку и економската соработка помеѓу двете земји . По средбата во Будимпешта откако Макрон пак и претходно веќе изјави дека крајно време е Европа да престане да биде вегетаријанец туку сештојад премиерот Мицкоски денеска со коментар и за Макрон но и за изјавата на еврокомесарката Кос дека Македонија мора да ги донесе уставните измени вели го разбира нејзиниот настап бидејќи за нејзиното именување требале да гласаат и бугарските претставници но и кратко порача дека крајно време е ЕУ да ги вреднува досегашните успеси на земјата наместо отворените билатерални прашања .

Од Владата пак на средбата со Макрон гледаат како потврда за кредибилитетот на власта предводена од Мицкоски а од Елисејската палата пак на францускиот претседател Макрон по средбата со премиерот излегоа со кусо соопштение дека Франција ја поддржува земјата на патот кон евроинтеграциите но дека мора да се испочитуваат меѓународните обврски .

Двајцата лидери се согласија за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот. Претседателот на Републиката ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Северна Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија во оваа насока, притоа почитувајки ги нејзините меѓународни обврски“.

Ова го наметнува прашањето и какви ќе бидат позициите на Франција кон Македонија откако Макрон во Будимпешта им се обрати на лидерите на ЕУ дека крајно време било ЕУ да стане сештојад не само вегетаријанец бидејќи е опкружена со месојади .

Во фокусот на петтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се одржа во Будимпешта освен за европската безбедност и војната во Украина и на Блискиот Исток и резултатите од американските претседателски избори, дел од медиумите пренесоа, дека од некои европски лидери било отворено меѓу другото и прашањето за начинот на гласање во врска со проширувањето на Унијата.

Станува збор за Предлог за напуштање на консензуалното одлучување и носење одлуки со минус еден или, пак, со квалификувано мнозинство, што според дел од медиумите, наидувал сѐ повеќе на одобрување и земал замав кај земјите членки на Унијата, поради впечатокот дека „остварувањето одредени потесни интереси ја држат во заложништво целата европска политика“.