Мицкоски: Ме обвинуваа дека сум против Америка, сега им пречи што имаме исклучително добра соработка со администрацијата на Трамп

48

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го обвинувале дека е против Америка, а сега им пречи што имаме исклучително добра соработка со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Вели дека СДСМ има најмалку кредибилитет да зборува, особено за нивната меѓународна активност.

„Да, бевме коспонзори на резолуцијата на САД заедно со уште неколку држави – Израел, Унгарија и Грузија – и ќе ја потсетам македонската јавност дека таа е обврзувачка резолуција бидејќи помина на Советот за безбедност, каде што останатите членки коишто се постојани, но и оние членки коишто се менуваат не гласаа против, ја поддржаа, што значи дека ја поддржаа резолуцијата позади која како коспонзор застана и нашата македонска влада. Во меѓувреме, кога резолуцијата дојде на гласање, на самото Собрание беа поднесени неколку амандмани. Најголемиот дел беа одбиени, еден беше прифатен. Тогаш, предлагачот го има тоа право, САД со кои целосно бевме искоординирани, гласаше воздржано и ние гласавме воздржано“, изјави премиерот во врска со гласањето на С Македонија за резолуциите за Украина во Генералното собрание на ОН.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека ќе беше помудро да гласавме „за“ двете резолуции во Обединетите нации(ОН).

ИЗДВОЕНИ