Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на седницата за собраниски прашања во Собранието, одговори на прашањето дали Владата планира да го укине недела слободен ден. Ова прашање беше поставено од страна на Горан Мисовски од НСДП.
„Моето лично мислење е дека оние кои ќе постигнат договор со работодавачите, треба да биде овозможено недела да работат, се разбира за повисока дневница, плата или слично. Или никој да не работи, ама никој… Недела и сега за одредени професии е работен ден. Но, повторно ќе кажам дека или ќе важи за сите, или за никој“, рече Мицкоски кој рече дека за ова прво ќе се консултира со сите засегнати страни, па ќе се донесе одлука.