EPA-EFE/Kimmo Brandt

Американската скијачка Микаела Шифрин, во име на спортистите, повика на поголема „транспарентност“ од Меѓународната скијачка федерација (ФИС), со желба дополнително да се проучи инвестицискиот предлог на фондот ЦВЦ, вреден 400 милиони евра.

  • Не се правиме дека знаеме сè. Едноставно бараме поголема транспарентност и подобро разгледување на понудите што се на маса за да ја подобриме иднината на нашиот спорт – напиша Шифрин на социјалните мрежи, споделувајќи писмо од скијачите упатено до претседателот на ФИС, Јохан Елијаш.

Скијачите, преку писмо ,побараа од претседателот на ФИС да го одложи потпишувањето на новиот договор со маркетинг-агенцијата „Инфронт“ за да почнат разговори со фондот „CVC Capital Partners“.

ИЗДВОЕНИ