EPA/Carmen Jaspersen

Семејството Шумахер никако да крене глава од маките кои постојано го следат. Неодамна, Ралф Шумахер призна дека е геј, поради што неговата поранешна сопруга Кора целосно збесна. Сега, германските медиуми пишуваат дека семејството Шумахер е уценувано за пари!

Три лица се обвинети дека го уценувале семејството на Михаел Шумахер поради приватни фотографии кои ги поседувале. Уценувачите имале и некои чувствителни приватни информации и барале 15.000.000 евра од семејството на најдобриот Ф1 возач досега.

Германските медиуми објавија дека на сопругата на Михаел Шумахер, Корина, одредени лица и побарале осумцифрена сума на пари. Причината за тоа е што сакале да ги објават медицинските детали за состојбата на Михаел Шумахер, која со години успешно се крие откако тој се здоби со тешка повреда на главата во 2013 година, за време на скијање.

Овие информации протекоа од два хард дискови и наводно уценувачите имале пристап до дури 1.500 приватни датотеки. Имале и фотографии, видеа од моменталната состојба на повеќекратниот шампион во Ф1, а се обидоа да ги стават на дарк-веб, односно на темната страна на интернет. Сега локалните медиуми јавуваат дека тројца криминалци се обвинети во судот во Вупертал и дека полициските и обвинителските сили на Германија и Швајцарија работат на овој случај.

Михаел Шумахер има 55 години, но од 2013 година многу малку се знае за него и неговата здравствена состојба. Седумкратниот шампион во Формула 1, поранешен возач на Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес, по страшната несреќа на скијање, беше во кома, мина низ многу тешка здравствена состојба, за која оттогаш не се знае речиси ништо.