На 40-тиот роденден на еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот – Кристијано Роналдо, неговиот пријател и поранешен соиграч Пепе зборуваше за него и за многу други теми за португалската „Ренесанса“.
“Многу носталгична слика. Интересно е што прво го запознав неговото семејство во Мадеира, а потоа него дури во 2000 година. Една година пред да го запознаам, го познавав целото негово семејство”, започнал Пепе.
“Мадеира е мал град, играв за Маритимо и тренирав во Санто Антонио. Таму работеше неговиот татко, а потоа ги запознав мајка му и сестрите”, додаде Португалецот.
После тоа зборуваше како тогаш не можеле ни да замислат каков белег ќе остави во фудбалската историја, дали во клупскиот или во репрезентативниот фудбал.
“Кога бевме во академијата на Спортинг, имавме утрински тренинзи, потоа ручек, а потоа пауза до попладневениот тренинг. Тренингот беше во четири или пет попладне, тој секогаш одеше во теретана во три и пол и ме прашуваше дали сакам да одам со него. Од самиот почеток знаеше што сака.”
Нивните патеки во кариерата се разделија, но само накратко. Многу брзо, покрај во репрезентацијата, заедно заиграа и во дресот на Реал Мадрид.
„Кога дојде во Реал (М), му беше многу лесно. Веќе бев таму две години, се навикнав на градот и околината и можев да му помогнам и во тоа“.
Во меѓувреме станаа големи пријатели, речиси неразделни. Стоперот има само пофални зборови за Роналдо, кој во неколку наврати ја покажа својата големина.
„На еден натпревар против Валенсија, Икер Касиљас случајно ме удри и ми ја „отвори“ главата, по што завршив во болница. Кога следното утро се освестив, го видов Кристијано, а подоцна ми кажаа дека цела ноќ ја поминал со мене во болничката соба“, се присетува Пепе.
Легендарниот дефанзивец раскажа и за периодот кога го напушти Реал (М) за да премине во Бешикташ, кога Роналдо практично го молеше да остане во „кралскиот клуб“, па дури и му понуди дел од платата.
„Многу ме убедуваше да останам, но чувствував дека е вистинско време да одам. Во една прилика ме праша дали парите се фактор и дури ми понуди дел од неговата плата за да останам со него“.
Пепе зборуваше и за неговиот последен меч во фудбалската кариера, кога Португалија беше елиминирана од Европското првенство по полошото изведување пенали против Франција.
„Чувствував дека е крајот и ми беше многу тешко. Ме прегрна и многу ми помогна во тој момент да ги надминам чувствата“, изјави Пепе.
На крајот Пепе додаде дека мисли дека преселбата на Роналдо во Саудиска Арабија е вистинскиот потег за него.
„Го гледам на Светското првенство во 2026 година, едноставно таков е. Навистина би сакал да биде таму“.