Метеопатите овие денови да бидат крајно внимателни и да внимаваат на своето здравје, зошто? Огромна е разликата помеѓу најниските утрински и највисоките дневни температури на воздухот, со што Биометеоролошките услови се крајно неповолни, па така метеопатите овие денови може да чувствуваат поголеми здравствени проблеми, предупредува Славчо Попоски и во таков случај советува консултации со матичен лекар.
Овие денови имаме разлика меѓу најниските утрински и максималните дневни температури и тоа дури и за повеќе од 20 степени, што е премногу.
Тоа значи наутро температурите се околу или за некој степен под нулата, а преку ден тие се искачуваат до околу, па и над 20 степени, а како што претходно во моите метео објави , информирав дека во текот на вчерашниот ден (сабота 8 март) на Скопје Петровец беа измерени дури рано – летни 27 степени.
Сето ова е поради невообичаено топлата воздушна маса за овој период од годината, и истата продира од југ кон нашиот дел од Европскиот Континент, вели Попоски.