Метапневмовирусот пристигна во Грција: Регистриран првиот случај

105

Во Солун официјално е регистриран првиот случај на респираторниот вирус ХМПВ, чие ширење предизвика паника за нова здравствена криза, слична на коронавирусот.

Заболен бил 71-годишен маж чија ќерка за време на празниците била во Кина, и неколку дена по враќањето нејзиниот татко ги покажал првите симптоми. Тој е на лекување во болницата „Папаниколау“.

Во саботата му бил направен ПЦР тест, и во понеделникот резултатите покажале дека е позитивен на ХМПВ вирусот.

Дотогаш мажот лежел на Клиника за пневматологија, но веднаш потоа бил ставен во изолација.

Хуман метапневмовирус (ХМПВ) е респираторен вирус кој предизвикува симптоми слични на оние на обичната настинка и грип. Вирусот не е нов, но го предизвика интересот на властите поради порастот на случаите, особено кај децата помали од 14 години во Северна Кина.

ИЗДВОЕНИ