
Еден дел од шпанските медиуми ја пласираа и сензационалната информација дека аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси, повторно ќе го облече дресот на каталонскиот гигант Барселона. Меси има уште една година од договорот со американскиот клуб Интер Мајами, а како што информираат шпанските медиуми Аргентинецот е расположен до почетокот на новата сезона да игра како позајмен фудбалер во дресот на Барса.