„Мермерни“ јајца за Велигден: Лесна и едноставна техника за бојадисување, а резултатот е феноменален/ВИДЕО

101

Постојат повеќе начини за бојадисување на јајца, ние ви издвојуваме една од најубавите и најлесни техники за да ја разубавите велигденската трпеза.

Состојки:

1 кесичка боја за црвени јајца
бели јајца
лушпи од бел и црвен кромид
1 лажица сода бикарбона
3 лажици алкохолен оцет
масло за јадење
најлонски чорапи или газа

Подготовка:

Ставете ги јајцата во сад, додадете 1 лажица сода бикарбона и 1 лажица алкохолен оцет. Потоа истурете вода за да ги покрие јајцата. Оставете ги да отстојат 2 минути. После тоа, нежно тријте го секое јајце со сунѓер и исплакнете со млаз вода.

Подготовка:
Ситно исецкајте ги лушпите од црвениот и белиот кромид. Влажните јајца препелкајте ги во нив од сите страни.

Ставете малку кромид во парче најлонски чорап (или газа), потоа јајце, па уште малку кромид одозгора. Внимателно врзете го чорапот со конец за да не се поместува содржината при готвењето.

Готвење:
Вака подготвените јајца ставете ги во тенџере и прелијте ги со ладна вода. Гответе 10 минути од моментот на вриење, а потоа процедете и оставете малку да се излади.

Дополнително боење:
Во посебен сад истурете 700 ml топла вода, додадете 2 лажици оцет и една кесичка црвена прехранбена боја. Промешајте.

Додека јајцата сѐ уште се во чорапите, потопете ги во бојата:

За посветла розова нијанса – околу 20 секунди
За потемна нијанса – 30 до 40 секунди

Последен чекор:

По бојадисувањето, оставете ги јајцата 10-15 минути, а потоа внимателно извадете ги од чорапот и исплакнете го вишокот кромид. Кога боите ќе се исушат, нанесете малку масло за јадење на дланката, истријте ги јајцата за сјај и поинтензивна боја.

ИЗДВОЕНИ