Мерко ќе одговара за „аудито“, делото му застарува во 2028 година

35

На денешното рочиште против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, за набавка на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра, Судот не го прифати предлогот за застареност на делото. Делото за набавка на возилото застарува во 2028 година. Сведокот предложен од одбраната на Мерко, Наде Бојаџиевска, вработена во Државниот завод за ревизија, истакна дека останува во целост на напишаниот извештај дека нема незаконитост во постапката за набавка на возилото.

Во предметот, Мерко се гони за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Судењето против градоначалникот Мерко за поставено спомен-обележје – плоча на влезот од општинската зграда со кое, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга и кое, исто така, беше закажано за вчера, се одложи поради здравствени причини на обвинителот што го застапува предметот и ќе продолжат на 9 април.

ИЗДВОЕНИ