Мерки на претпазливост за шестмина полицајци осомничени за пожарот во Кочани

33

Основниот кривичен суд Скопје попладнево им определи мерки на претпазливост на шестемина полициски службеници за кои Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) претходно денеска ја побара оваа мерка во рамки на проширената истрага за пожарот во Кочани.

Мерките на претпазливост вклучуваат одземање патна исправа, забрана за напуштање на живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности.

Покрај за овие полициски службеници, ОЈО ГОКК побара мерки на претпазливост да му бидат определени и на уште еден од седумчлената група полицајци со кои е проширена истрагата за Кочани. Тој во моментов не е достапен на органите на прогонот и по него се трага.

ИЗДВОЕНИ