Mерки на претпазливост во замена за „куќен притвор“ за двајцата екс директори на ДПИ

287

На предлог на Обвинителството, кочанскиот суд им го укина куќниот притвор на поранешните директори на ДПИ Анета Симеска Димоска и Горан Трајковски. Само неколку дена откако обивнителството предложи на Трајковски да му биде сменет ефективниот притвор со куќен, следуваше и предлог за мерки на претпазливост за него и за неговата Симеска Димоска.

Трајковски денеска објави фотографии од црквата св. Петка.

Тие прво беа во ефективен притвор, па добија куќен. Сега излегуваат на слобода, по одлука на судот во Кочани, а по предлог на Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, се вели во денешното соопштение на ОЈО Кочани.

Замената на мерките е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција.

Освен ова, за првпат по настанот побарани се мерки за претпазливост за уште едно лице од првата група осомничени, кое до сега беше на лекување. Станува збор за лице од дискотеката, а мерките се предложени во согласност со неговата моментална здравствена состојба и потребата од натамошно лекување, додаваат од ОЈО Кочани.

ИЗДВОЕНИ