Меркел: Трамп ја покажа својата „фасцинација“ од неконтролираната моќ на Путин и Ким Џонг Ун

91

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја покажал својата „фасцинација“ од светските лидери кои имаат неконтролирана моќ, како што се рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

„Начинот на кој зборуваше за Путин, начинот на кој зборуваше за севернокорејскиот лидер, освен критичките забелешки што ги даде, секогаш постоеше еден вид фасцинација од чистата моќ на она што овие луѓе можат да го направат“, рече Меркел во интервјуто со новинарката на Си- Ен-Ен Кристијан Аманпур.

Поранешната германска канцеларка проговори за бурните односи со поранешниот претседател, за кого рече дека сака администрација без „оптоварувања“.

„Мојот впечаток секогаш беше дека тој сонуваше можеби да преовладува над сите оние собраниски тела за кои сметаше дека некако му се товар и дека сака сам да одлучува за работите. Тоа не можете да го помирите со демократските вредности“, рече Меркел.

Голем дел од разговорот на Меркел со Аманпур се фокусираше на нејзината нова книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“ за нејзиното 16-годишно лидерство во Германија.

Како прва жена канцелар, Меркел, покрај нејзините гледишта за успехот на демократиите, детално објасни како управувала со надворешните односи меѓу Берлин и Брисел, како и САД.

„Деновиве либералните демократии се на удар. Тие се под притисок“, рече таа во интервју за Аманпур. Меркел нападот на Русија врз Украина по нејзиниот мандат го нарече „игра на моќ“.

Таа предвиде дека Трамп може да помогне да се стави крај на конфликтот како што вети, но ја повика Украина да го прифати договорот со „безбедносни гаранции“, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ