Меркел: Германија и Европа ќе бидат „сомелени“ ако не се држат заедно

230

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги повика своите сонародници и Европејците да се обединат пред тешките предизвици, јавува германската агенција за печат (ДПА).

„Деновиве навистина се работи за Германија и Европа“, рече таа.

Како што јави германската новинска агенција ДПА, Меркел повика на европско единство пред големите политички предизвици, велејќи за весникот „Рајнише пост“ дека „важно е да се држиме заедно за да избегнеме Европа да биде сомелена“.

Меркел го поздрави договорот меѓу нејзините демохристијани и социјалдемократите за зголемување на трошоците за одбрана.

За миграцијата, спорно прашање во коалициските преговори, таа оцени дека таа „останува задача за Европа која мора да се реши преку разговори со соседните земји“.

Таа го коментираше и исходот од изборите во Германија, велејќи дека е задоволна што нејзината партија победила, но изрази загриженост за зајакнувањето на екстремната десница. Меркел истакна дека слабеењето на политичкиот центар треба да биде причина за загриженост за сите.

Поранешната германска канцеларка изрази надеж дека преговорите меѓу демохристијаните и социјалдемократите ќе доведат до формирање нова влада.

Меркел, исто така, изрази поддршка за планираното зголемување на трошоците за одбрана од двете партии кои преговараат за владејачка коалиција.

ИЗДВОЕНИ