Меркел: Ако не е единствена, Европа може да биде скршена

41
Besuch Bundeskanzlerin Angela Merkel im Rathaus Köln

Ако не е единствена, Европа може да биде скршена, предупреди поранешната  германска канцеларка Ангела Меркел.

-Сè што се случува деновиве, всушност се однесува на Германија и на Европа, рече таа и додаде дека два процента од БДП за вооружување нема да бидат доволни.

Таа посочи дека Украина мора да остане суверена, истакнувајќи дека „можеби сега сме поблиску до договор отколку пред неколку недели.

-Политиката мора да ги поврзува спротивставените позиции, а не само да поставува црвени линии, посочи таа.

За американскиот претседател Доналд Трамп рече дека важно е тој точно да знае што му е важно – „ако сакам одредено парче земја, можам да го добијам само јас и никој друг нема да може да го добие“.

-Но, политиката не функционира така секогаш, рече таа и се присети на ситуацијата кога Трамп не се ракуваше со неа, истакнувајќи дека знае да привлече внимание подобро од кој било друг.

Според неа, само уште рускиот претседател Владимир Путин, на сличен начин ја поларизира меѓународната политика.

ИЗДВОЕНИ