
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик (19) направи сензација на мастерсот во Мајами откако во финалето го победи Новак Ѓоковиќ, во два сета со 7:6, 7:6), со што го спречи најголемиот светски тенисер да дојде до посакуваниот стоти трофеј во кариерата.
Српскиот ас пред овој меч се најде во големи проблеми затоа што долго чекаше да игра, а исто така имаше и проблеми со окото во кое ставаше капки затоа што се појави оток заради засега непозната причина. Меншик имаше феноменална контрола на играта против ривалот кој му е идол, па може да се каже дека ученикот го победи учителот.
Чехот ги искористи сите слабости на Ѓоковиќ, тргна фуриозно и поведе со 4:1 во првиот сет, но Ноле се врати, дојде до тај-брејк, во кој загуби здив заради лошо отворање и негатива од пет поени. Вреди да се напомене дека во првиот сет Ѓоковиќ имаше и еден незгоден пад при кој не се повреди сериозно за влакно.
Во вториот сет се играше гем за гем, Меншик и Ѓоковиќ имаа сигурни сервиси, а само двапати младиот Меншик имаше шанса да направи брејк, ама не успеа. Така и овој сет замина до тај-брејк, во кој Меншик отвори подобро, направи брејк потоа за 5:3 и така го совлада најголемото тениско име откако ја искористи втората меч топка.
„Честитки за Меншик и неговиот тим. Никогаш не сум среќен кога губам. Но, го следев кога имаше 15 или 16 години и му се јавив, имавме добри тренинзи заедно. Тренираше и во мојот клуб во Белград, беше прекрасно да го гледам како се развива и пред неколку години. Навистина ми е драго што го искористи својот потенцијал, изајви по мечот Србинот
Новак ќе мора да го бара патот до својата 100-та титула во сезоната на земјени терени што следи по американската турнеја. Првиот турнир на кој ќе учествува е Мастерсот во Монте Карло. Ноле покрај бодовите доби и сериозна финансиска награда. Вицешампионот на Мастерсот во Мајами има повеќе од половина милион евра – точно 547.443 евра. Неговиот ривал Јакуб Меншик, пак заработи многу повеќе – 1.029.511 евра.