Менаџерски тимови на Алкалоид учеа лидерски вештини

52

„Алкалоид“ одржа обука „Развој на лидерството“ наменет за менаџерскиот тим на оваа фармацевтска компанија во земјава и во ентитетите во странство. Оттаму велат дека овој настан е уште еден доказ за целосната посветеност на компанијата за јакнење на лидерските способности и за инвестирање во професионалниот раст и развој на својот менаџмент.

Mенаџерските тимови од земјава и од странство имаа можност да се запознаат со најновите трендови за јакнење на клучните лидерски вештини низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки.

По воведното обраќање на генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД, Живко Мукаетов, говорници на настанот беа еминентни светски експерти од областа: Хари Крамер, поранешен извршен директор на „Бакстер интернешанал“, автор, професор и извршен партнер во „Келог школа за менаџмент“, и Оливие Сибони, поранешен сениор партнер во „МekKinsi@company“, француски консултант, академик и автор, професор на „ХЕК Париз“.