
Еден дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека лондонскиот премиерлигаш Тотенхем е сериозно заинтересиран за услугите на актуелниот тренер на италијанскиот калчо гигант Интер, Симоне Инзаги. Челнизите на популарните „петли“ се убедени дека ќе можат да седнат на преговарачката маса со трофејниот тренер доколку Интер ја одбрани титулата во Серија А.