Мемеди: За пациентите од Детската клиника храната се подготвува во руинирана кујна

18

Директорот на Детската клиника д-р Реџеп Мемеди, на денешната прес конференција истакна дека клиниката е со многу инфраструктурни, наталожени проблеми, а дел од нив навистина се сериозни.

Кујната каде се спрема храна за деца и бебиња е во комплетно амортизирана состојба, со инвентар кој е повеќе од 20 години стар, и е тешко да се одржува по стандарди со простории кои се руинирани. И замислете, во вакви простории на Детска клинка со години се спрема храна за деца, рече Мемеди и праша дали тоа е безбедно.

Тој ја покажа и пумпалната станица со неколку пумпи за вода, кои секојдневно прават дефекти, па Детската клиника секоја недела има недостаток на вода.

– Замислете денеска да имаме пожар некаде горе по катови, ние немаме притисок за гасење пожар, рече Мемеди и додаде дека ова е високоризичен момент.

Тој вели дека бара решенија, а институциите да се занимаваат со тоја кој е виновен и што треба да се преземе за да се подобри состојбата. И за пумпалната станица вели дека ќе се реновира и ќе се направи комплет нова изолација.