Италијанската премиерка Џорџа Мелони може да ги посети САД на 16-17 април за да разговара за тарифната политика со американскиот претседател Доналд Трамп, а потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, се очекува да ја посети Италија на 18-20 април.
Датумот сѐ уште не е официјален, но италијанската дипломатија работи на тоа билатералната средба да се одржи брзо, објави италијанскиот весник „Ил Фољо“.
Од стапувањето во сила на царините против Европската унија, Мелони постојано укажува на потребата да се работи на договор со САД со цел да се избегне трговска војна што неизбежно ќе го ослабне Западот во корист на другите светски играчи.