Италијанската премиерка Џорџа Мелони на британскиот крал Чарлс Трети му подари персонализирана тегла „Нутела“ со неговото име испечатено со златни букви, пренесува италијанската агенција АНСА.
Чарлс го доби светски познатиот намаз од лешник за време на состанокот во средата, за време на посетата на Италија. АНСА пишува дека уште една тегла Нутела со персонализирана етикета и била дадена на Камила.
„Корисен подарок за уживање на софата во дождливите денови“, напишала Мелони во пораката што ја придружувала подароците.
Тие го посетија и гробот на Данте во Равена, каде што престојуваа по повод 80-годишнината од ослободувањето на тој дел на Италија. За време на нивната посета на Италија, Чарлс и Камила ја прославија и 20-годишнината од бракот.