Мелони изненади со предлог: НАТО може да ја штити Украина без таа да влезе во алијансата

96
EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предложи да се прошири НАТО заштитата од членот 5 на Украина, без прием на Киев за членство, и го повтори противењето на нејзината влада за распоредување европски трупи во Украина на вонредниот самит што се одржа во четвртокот во Брисел.

„Многу сум збунета околу европските трупи, мислам дека тие не се ефикасни“, рече Мелони за можноста за нивно распоредување во Украина како дел од мировните напори, пренесува Анса.

Таа рече дека во тој случај ќе ја „исклучи“ можноста за испраќање италијански војници во Украина и рече дека е „подобро да се размислува за долгорочни решенија“.

Според италијанската премиера, ова би можело да биде проширување на заштитата на колективната безбедност на НАТО според членот 5 на Украина, без да и се одобри полноправно членство во Алијансата, во која се наведува дека нападот врз една членка на НАТО се смета за напад врз целата Алијанса.

„Ова не е исто што и приклучувањето кон НАТО, но на Украина би и го обезбедил истиот безбедносен чадор што го имаат земјите од НАТО. Тоа би обезбедило стабилни, долгорочни и реални безбедносни гаранции, повеќе од некои од предлозите што ги гледам сега. Тоа е една од идеите што ги изнесуваме“, објасни Мелони.

ИЗДВОЕНИ