Мелем за желудникот и цревата: Напиток кој ја намалува надуеноста и го регулира варењето

120

Напитокот од ѓумбир успешно ја намалува надуеноста и ги чисти цревата.
Надуеност после јадење и чувство дека храната седи во стомакот „како камен“, чувство на тежина после поголеми оброци, металоиди, гадење или запек, се само дел од бројните симптоми кај луѓето кои патат од дигестивни проблеми.

За среќа, постои напиток кој го регулира варењето, го поттикнува исфрлањето на токсините и вишокот течности од телото и ја намалува надуеноста.

Состојки:

1 л вода
корен од ѓумбир (околу 4-5 см)
5 ловорови листови
2 црвени грејпфрути
1 лимон
1 лимета

Подготовка:

Излупете го ѓумбирот, па исечете го на помали парчиња и ставете го во вода. Додадете го ловоровиот лист и оставете да зоврие, па варете 7-8 минути.

Тргнете ја течноста од оган, оставете ја да се излади на собна температура, а потоа додадете свежо исцеден сок од лимон, лимета и грејпфрут. Ако немате лимета, додадете сок од два лимона.

Ќе добиете малку повеќе од еден литар пијалок кој можете да го пиете во текот на денот. По некое време ќе почувствувате дека надуеноста е намалена и дека нема „тежина“ во стомакот.

ИЗДВОЕНИ