Меланија Трамп, која повторно ќе стане прва дама на САД на 20 јануари, вели дека е спакувана и подготвена да се врати во Белата куќа. Во снименото интервју за „Fox & Friends“ на Fox News, таа рече дека новиот документарец за нејзиниот живот, кој ќе биде објавен подоцна оваа година на сервисот за стриминг на Amazon, е нејзина идеја, поради интересот што го доби нејзината автобиографија објавена минатата година, пренесе Гласот на Америка.

„Имав идеја да направам филм за мојот живот“, рече таа. „Мојот живот е неверојатен. Тој е неверојатно интензивен и полн со обврски. И му реков на мојот агент: Имам идеја, оди и склучи договор во мое име.

ИЗДВОЕНИ