Идната прва дама на САД Меланија Трамп вели дека се спакувала и дека е подготвена за враќањето во Белата куќа, а дошла на идеја, како што вели да сними документарен филм за својот живот.
Првата дама, во пресрет на враќањето во Белата куќа, изјави дека нејзиниот син Барон во тоа здание ќе има спална соба, а планра да ја оживее и иницијативата „Биди најдобар“ која служеше како заштита за добросостојба на децата.
Во интервју за „Фокс њуз“, Меланија Трамп, сопруга на повторно избраниот претседател на САД Доналд Трамп, рече дека најавениот документарен филм за нејзиниот живот, кој, како што вели, ќе биде дистрибуиран оваа година предку Амазон прајм.
Идејата за документарниот филм, како што вели, била инспирирана од реакциите на нејзината неодамна објавена книги мемоари.
„Така дојдов на идеја да се направи филм – филм за мојот живот“, рече таа и додаде:
„Мојот живот е неверојатен. Полн е со неверојатно многу случувања. И, ми реков на својот агент, знаеш ја имам оваа идеја, па те молам оди и направи еден договор за мене“, рече Меланија Трамп.
It’s no secret that Barron Trump isn’t having a typical college experience. Melania Trump discusses how much time her son will be spending at the White House and says he’s welcome to have friends over. | @ainsleyearhardt pic.twitter.com/QoKUDAhqZg
— Fox News (@FoxNews) January 13, 2025