Мел Гибсон, Силвестер Сталоне и Џон Војт – специјални амбасадори на Трамп за Холивуд

377

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги именуваше Џон Војт, Мел Гибсон и Силвестер Сталоне за „специјални амбасадори“ на Холивуд, со цел да се зајакне домашната филмска и ТВ продукција бидејќи забавната индустрија се повеќе се определува за снимање во други земји.

„Тие ќе служат како мои специјални пратеници за да го вратам Холивуд, кој изгуби многу работа во последните четири години, поголем, подобар и посилен од кога било“, најави Трамп, додавајќи: „Овие тројца многу талентирани мажи ќе бидат мои очи и уши, а јас ќе го направам она што тие ќе ми предложат. Тоа повторно ќе биде златното доба на Холивуд““, рече Трамп.

Како што пишува „Холивуд репортер“, ваквата порака сигнализира дека Трамп сака да интервенира поради „бегството на продукцијата надвор од земјата на други локации“.

Други земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Канада и Австралија, постојано ги зајакнуваат своите програми и стратегии насочени кон привлекување на холивудските продукции.

Засега нема детали за тоа какви ќе бидат улогите на актерите во зајакнувањето на продукцијата во земјата.

ИЗДВОЕНИ