Министерството за безбедност на Мексико формира единица за специјални операции за борба против нарко-картелите, шест години откако поранешниот мексикански претседател ја распушти федералната полиција и таа одговорност целосно и ја предаде на војската, пренесува Бета.
Претседателката Клаудија Шејнбаум веќе покажа подготвеност да се откаже од често критикуваната стратегија „прегратки, а не куршуми“ на поранешниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, која се фокусираше на решавање на социјалните корени на криминалот наместо директно да се соочи со моќните картели во Мексико.
Владата допрва треба официјално да го објави формирањето на Националната оперативна единица (ОНО), но нејзиното постоење е веќе јавна тајна меѓу поранешните припадници на федералната полиција, каде министерот за безбедност Омар Гарсија Харфух ја започна својата кариера и од чии членови ќе биде формирана. ООН ќе биде под негова директна команда.
Единицата започна да се формира веднаш по преземањето на функцијата Шајнбаум. Сега има 250 членови и се очекува до крајот на годината да има 800. ООН ќе има три ограноци распространети низ Мексико. Нејзините сегашни членови се претежно од поранешната федерална полиција и членови на тимот за специјални операции што Гарсија Харфух го создаде додека беше началник на полицијата во Мексико Сити. Повеќето од нив претходно биле обучени со безбедносните сили од САД, Колумбија, Шпанија или Франција.
Безбедносниот аналитичар Дејвид Соседо, кој разговараше со луѓето кои се приклучија на единицата, рече дека верува оти главната цел на Харфух е да има вооружени сили што ќе му дозволат да ги исполни барањата на Вашингтон.
Во понеделникот, додека Харфух беше во Вашингтон на состанок со администрацијата на Трамп, Министерството за домашна безбедност упати повик до дипломираните студенти да бидат „првата генерација истражни и разузнавачки агенти“, велејќи само дека тие ќе бидат дел од специјализирана група за зајакнување на безбедноста.