Поранешниот директор на Австралија опен, Пол Мекнами, застана во одбрана на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и воедно му даде поддршка за во иднина.

На Австралиецот му пречеше тоа што многумина го отпишаа Новак Ѓоковиќ по уште еден неочекуван пораз во сезоната. По поразот во третото коло на мастерсот во Рим  од Алехандро Табило, Мекнеми се осврна на критиките кои, според него, се неоправдани и кои се обидуваат да го прикажат Новак како сосема поинаков од она што е.

  • Ѓоковиќ различни луѓе го опишуваат како некој што предизвикува поделби и кој е нечесен. Секако, ова доаѓа од луѓе кои не го познаваат. Ако ја сакате вистината, прашајте ги оние од соблекувалната. Тоа е местото каде што тој е човек, исклучително почитуван и популарен. Така да, можете да проверите со неговите врсници, порача Мекнами.

Ова не е првпат Австралиецот да го брани Новак Ѓоковиќ. Познато е дека тој беше еден од оние кои застанаа крај Србинот за време на кризата во Австралија во 2022 година, кога Србинот беше депортиран и не му беше дозволено да игра на Австралија опен.

Новак од 26 мај ќе биде прв носител на Ролан Гарос, а за да го задржи првото место на светската ранг листа ќе мора да обезбеди барем финале.