Викендов стартува новата сезона во Формула 1 и според сите прогнози не очекува возбудлива борба за титулата, бидејќи голем број тимови се приближија до перформансите на моќниот Ред Бул.
Еден од тимовите кои крена доста прашина во текот на зимската пауза беше Мекларен. Ривалите на овој тим кои го набљудуваа тестирањето во Бахреин изразија, од една страна, восхит за работата што Мекларен ја направи на својот болид MCL39, но во исто време изразија и сомнеж за клучните проблеми на овој концепт.
Главниот човек на Ред Бул кога е во прашање аеродинамиката и креаторот на минатогодишниот RB20, Пјер Ваше, го истакна потенцијалниот ризик од агресивниот дизајн на Мекларен.
RB20 страдаше од лоша динамика на возилото, додека Мекларен беше дизајниран да дава врвни перформанси, што може да биде тешко да се постигне постојано во текот на целата сезона, на различни типови на патеки и со разновидни поставки.
Еден од клучните фактори е исклучително цврстата и силна предна оска MCL39, што резултира со полесен заден дел.
Тоа го прави болидот непредвидлив при излезот од свиоците, особено во зависност од растојанието од подлогата на болидот и другите фактори за поставување, како што истакнаа и Оскар Пјастри и Ландо Норис за време на првите два дена од тестирањето.
Сомнежите на Ваше за концептот на Мекларен не се случајни, туку доаѓаат од неговото искуство со проблематичниот RB20.
Предната страна на болидот беше развиена од многу успешниот RB19 од 2023 година, при што горниот дел има силен наклон, што создава ефект против спуштање при сопирање.
Теоретски, ова го спречува болидот да „заринка“ напред за време на сопирање, што воедно го имаа Макс Верстапен и Серхио Перез, за постабилна аеродинамичност низ свиоците. Овој ефект беше во хармонија со аеродинамичкото оптоварување (факторот на аеродинамичко оптоварување е односот на забрзувањето кон тежината) создаден од подот на болидот.
Сепак, во сезоната 2024, аеродинамичните карактеристики и екстремно ниската висина на болидот ги модифицираа перформансите на овој тип на предно потпирање.
Ваше верува дека Мекларен може да се соочи со истите проблеми со лошата рамнотежа што го мачеа RB20 минатата година, што тимот допрва треба целосно да го реши.
Новата сезона стартува со неделната трка во Мелбурн во 5 часот наутро.