Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, е победник на Големата награда на Кина, втора трка од сезоната во Формула 1. Доминантната недела за Мекларен ја заокружи неговиот тимски колега Ландо Норис, кој заврши веднаш зад Пјастри, додека третото место, исто како и на првата трка од сезоната, му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес.
Тоа беше прилично непречена трка што се однесува до настаните на патеката. Пјастри ја задржа пол-позицијата, а Норис на стартот дојде до второто место кое му припаѓаше на Расел. И двајцата возачи на Ферари на стартот го поминаа Макс Верстапен, кој од четвртото падна на шестото место.
Сепак, Луис Хамилтон двапати беше во бокс, за разлика од петте возачи пред него, кои застанаа само еднаш, и така го загубија местото од Верстапен, додека актуелниот четирикратен шампион си ја врати позицијата од Леклер на четири круга пред крајот на трката.
Хас имаше многу добра трка, а двајцата возачи освоија бодови. Естебан Окон заврши седми, а Оливер Берман десетти. Бодови освоија и Андреа Кими Антонели на осмото, а Алекс Албон на деветото место.
Норис го задржа водството во генералниот пласман, со 44 бода, а зад него се Макс Верстапен со 36, Расел со 35 и Пјастри со 34 бода.