EPA-EFE/MAST IRHAM

Џон Мекинро, легендата на светскиот тенис, смета дека Новак Ѓоковиќ не бил фер -третиран од публиката на Вимблдон.

Пред почетокот на вториот Грен-слем сезонава, Американецот изјави дека имал чувство дека Новак е во подредена позиција кај навивачите во однос на неговите ривали Роже Федерер и Рафаел Надал.

Новак минатата сезона беше жестоко исвиркан во финалето и поразот од Карлос Алкараз, публиката целосно беше на страната на Шпанецот, а српскиот тенисер мораше да плати и парична казна поради тоа што со рекетот удри во стативата која ја држи мрежата.

Сепак, Мекинро смета дека Новак не заслужил ваков третман од лондонската публика.

  • Не само што се изедначи со нив, туку ги надмина во однос на вкупните перформанси, што изгледаше невозможно. И Роже и Рафа се класа. Тие се сакани и почитувани низ целиот свет, но со Новак не е ист третман. Тој се уште е ѓавол, лош човек кај публиката. Мислам дека тоа не е фер, истакна Мекинро.

Се спореди себеси и Новак во одредена смисла.

  • Тој можеше да направи нешто што не можев да го направам и јас, да има голем успех и покрај тие негативни работи. Знаете, кога луѓето сакаат аутсајдерот или некој друг да победи, тој некако го користи тоа како гориво што му помага. Тоа е квалитет без преседан што не може да се игнорира, рече Мекинро.

Вимблдон е на програмата од 1 до 14 јули, а титулата ја бранат Карлос Алкарас и Маркета Вондроушова.