Контроверзниот УФЦ борец и една од најголемите ѕвезди на спортот во историјата, Конор Мекгрегор, пред неколку месеци беше прогласен за виновен за силување, откако поротата на Високиот суд во Даблин откри дека тој имал сексуален однос без согласност со жена по име Никита Ханд, во хотел, во 2018 година. После тоа минатата недела имаше нов скандал и уште едно обвинение за силување, овој пат за политичарка.
Мекгрегор моментално се занимава со приватниот живот и правните проблеми, а борбите во октагонот заминаа на втор план. Последен пат се бореше во јули 2021 година кога загуби од Дастин Појрие, откако ја повреди и скрши ногата, а исто така загуби од истиот борец шест месеци претходно. Сега Ирецот би можел да се бори во сосема нов спорт, кој се смета за најбрутален на светот.
Долго време се шпекулира дека сака да се бори со Логан Пол во УФЦ, но самиот борец потврди дека најголемата светска ММА организација не е заинтересирана за тоа.
- Понудата беше таму, веќе беше на маса, но УФЦ едноставно не сака. Меѓутоа, ќе ме видите како излегувам и се борам во BKFC (шампионат во борба со голи раце) без никаква најава. Без никаква промоција, ќе се борам со некоја случајна борба на некој случаен настан. Тоа е за пи*ки, истакна Мекгрегор за „The Schmo“, популарен канал на „Јутјуб“.
Поради пресудата, бројни спонзори кои не сакаат да имаат ништо со осудениот силувач ја откажуваат соработката. Меѓу нив не е BKFC, организација која организира борби со голи раце. Мекгрегор има помал удел во компанијата.
Нејзиниот шеф Дејвид Фелдман неодамна изјави: „Ние не влегуваме во расправии за тоа што всушност се случило тој ден. Конор е наш партнер и заедно ќе ја изградиме оваа организација. Кога Конор зборува, луѓето слушаат. Не поддржувам никакви лоши работи што можеби се случиле, јас целосно ја поддржувам лојалноста, порачаа од организацијата.