Познатиот ММА борец и една од најголемите ѕвезди на спортот во историјата, Конор Мекгрегор, беше прогласен за виновен за силување во ноември 2024 година. Поротата на Високиот суд во Даблин откри дека тој имал сексуален однос без согласност со жената по име Никита Ханд, во хотел, во 2018 година.
По расправата, која траеше шест часа и 10 минути, поротата донесе одлука Ирецот да ѝ плати на Никита 250.000 евра за претрпената штета.
Голем број спонзори се откажаа од соработката со Мекгрегор, но очигледно ова не е единствениот проблем. Мекгрегор деновиве добил тужба за силување на уште една жена. Имено, американските медиуми пренесуваат за инцидентот кој се случи минатата година, за време на НБА-финалниот натпревар помеѓу Мајами и Денвер.
За време на натпреварот, Мегрегор со помош на своето обезбедување грабнал жена и ја однел во машкиот тоалет во „Кејси центарот“. Ден подоцна се појави и снимка која потврдува дел од приказната на наводната жртва. На неа се гледа како Мекгрегор всушност ја носи жената во тоалет, а обезбедувањето стои пред вратата. Американската полиција подоцна одлучи да не покренува обвинение поради недостиг на докази, но жената реши приватно да го тужи.
Се тврди дека станува збор за 49-годишна жена која сака да остане анонимна поради политичката функција што ја има. Адвокатот на Мекгрегор тврди дека истрагата нема ни да биде покрената и дека судот ќе го отфрли овој случај бидејќи приказната не е вистинита и затоа што поминало многу време од настанот.