Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Ислам Махачев, го понижи Конор Мекгрегор откако реши јадно да ги искаже своите размислувања за ирската ММА ѕвезда. Тој смета дека поразот на Конор од Хабиб Нурмагомедов му го променил целиот живот и дека тоа го прогонува.

Махачев вели дека единственото нешто што може да направи Мекгрегор е да тепа стари луѓе и да малтретира жени.

  • Никогаш нема да биде истиот човек како што беше пред борбата со Хабиб. Никогаш нема да заборави што се случи во кафезот. Тој пораз му го промени животот. Мислам дека има проблем во главата, истакна Ислам и додаде:
  • Единствено што може да направи е да удира стари и беспомошни по кафеани, да се расправа со сопругата, да плука по луѓето. На тоа е способен во моментов.

Актуелниот шампион во лесна категорија е уверен дека до крајот на кариерата може да стане шампион во дури три дивизии. Тој е насочен кон појасите во полутешка и средна категорија.

  • Некои велат дека тоа е невозможно, а некои мислат дека е можно. Ќе го кажам вака, имам добри шанси да освојам три појаси. Ако некој може, тоа сум јас, изјави Ислам Махачев.

Многумина би сакале да го видат Мекгрегор во клинч со Махачев. Сепак, тоа во моментов е многу тешко остварливо бидејќи Дагестанецот гледа во многу посилни ривали.

Од друга страна, контроверзниот Ирец моментално е далеку од својата форма, но исто така е далеку од најдобрите борци во најсилната светска ММА организација.

Сепак, тој е големо име и несомнено е дека неговите борби секогаш биле брзо распродавани и многумина едвај чекаат да го видат во октагонот.

Сепак, Ирецот го нема веќе четири години. Неговиот последен натпревар беше во јули 2021 година против Дастин Појрие кога се здоби со тешка фрактура на ногата. Сите овие години многу се зборуваше за неговото враќање, но ништо од тоа не се случи.

Ирецот во текот на својата ММА кариера има одработено 28 борби и има биланс од 22 победи и шест порази, додека Махачев има 27-1 и моментално е рангиран број еден во УФЦ.

ИЗДВОЕНИ