Компанијата „Мекдоналдс“ денеска објави дека ќе потроши 100 милиони долари за да ја зголеми продажбата откако епидемијата предизвикана од бактеријата ешерихија коли ги исплаши клиентите и влијаеше на падот на бизнисот на компанијата во САД.
Американскиот ланец ресторани за брза храна објави дека контроверзните хамбургери „четврт фунта“ сега се враќаат на менијата низ целата земја и дека компанијата ги инвестира споменатите пари во маркетинг и други програми за да ја врати довербата на клиентите, објави „Блумберг“.
Продажбата на „Мекдоналдс“ е во неволја откако американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави во октомври дека истражува епидемија на ешерихија коли за која се верува дека е предизвикана од свеж исечен кромид на врвот на хамбургерот.
Поради бактериска епидемија, едно лице починало, додека повеќе од 100 луѓе се разболеле, па ланецот за брза храна го повлече „четврт фуд“ од 20 отсто од околу 13.000 продавници во САД.
Според податоците на „Блумберг“, продажбата на крајот на октомври паднала за речиси 12 отсто во однос на претходната недела, по што почнале скромно да се зголемуваат, но се уште се во пад во однос на периодот пред една година.
Акциите на „Мекдоналдс“ паднале за околу седум отсто од објавувањето на епидемијата, која го загуби речиси целиот приход на компанијата од почетокот на годината.
Избувнувањето на епидемијата се случи кога компанијата се обиде да ја зголеми продажбата со промоции и длабоки попусти, а оброкот од 5 долари од „Мекдоналдс“ имаше добар одѕив кај американските клиенти со ниски приходи и го зголеми бројот на гостите во третиот квартал, пред да се појави потресот предизвикан од епицемијата на ешерихија коли.
ЦДЦ објави дека 104 луѓе во 14 американски држави се заразени со бактеријата.
Управата за храна и лекови во понеделникот објави дека сè уште нема причина да се грижиме за безбедноста на храната поради појава на ешерихија коли во рестораните на Мекдоналдс, пренесува Танјуг.