Меѓународниот филмски фестивал ,,Киненова” во Домот на културата „Билјана Беличанец“

14

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ денеска продолжува деветто издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ кое се отвори во вчеравечер, во киното „Фросина” во МКЦ, со прикажување на првиот анимиран филм во Македонија, дело на Гоце Цветковски.

-Во „Киноверзум“, во Домот на културата ,,Билјана Беличанец” во Кисела Вода до 20 октомври ќе имаме можност да ги видиме возбудливите дебитантски остварувања од младите режисери од Македонија и светот за кои сум убеден дека, ќе го задржат до крај вниманието на сите гледачи – потенцираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на отворањето на фестивалот.

Тој изрази огромна благодарност до директорот на овој фестивал, Небојша Јовановиќ за поканата на овој прекрасен настан и упати честитки до лауреатот за оваа година, познатиот австриски режисер Улрих Зајдл, добитникот на наградата ,,Златна грива.”

-На Скопје му недостасуваат вакви настани. И Скопје, повторно ќе биде град на културата-истакна – градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.