Меѓународни натпревари во кајак, во организација на ККК „Арка Борец“

25

Велес повторно ќе биде центар на значајни спортски настани. Во организација на кајак кану-клубот „Арка Борец“ и со поддршка на Општина Велес, на 5 и 6 април ќе се одржат два еминентни натпревари во кајак. Првиот ден е резервиран за интернационалниот натпревар во дисциплината класик, а наредниот ден ќе се одржи второто коло од Европскиот куп во кајак.

Повеќе детали за програмата и за натпреварите ќе има наскоро, на официјалната веб-страница на Општина Велес и на социјалните мрежи.

 

ИЗДВОЕНИ