МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Во Македонија се принтале пари во домашни печатници

200

Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, спроведува акција за откривање на фалсификувани пари.

Во акцијата се вклучени полициски тимови од повеќе градови, а се забележани и припадници на Европол и Интерпол кои соработуваат со македонската полиција. Активностите се фокусирани на запленување на фалсификувани евра и откривање на меѓународна криминална мрежа која делува во неколку земји. Исто така, истрагата вклучува откривање на можни домашни печатници за фалсификувани пари.

„Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста“, соопштија од Јавното обвинителство.

ИЗДВОЕНИ